A TRIBE CALLED QUEST СО ОФИЦИЈАЛНА НАЈАВА ЗА СВОЈОТ НАЈНОВ И ПОСЛЕДЕН АЛБУМ

A TRIBE CALLED QUEST СО ОФИЦИЈАЛНА НАЈАВА ЗА СВОЈОТ НАЈНОВ И ПОСЛЕДЕН АЛБУМ


Легендарната хип-хоп група, симбол на звукот од 90-те години на златната ера на хип-хопот, A Tribe Called Quest, на своите официјални профили на социјалните мрежи Твитер и Фејзбук, направија вистинско изненадување за своите фанови.

Имено веста која подолго време беше само шпекулација ја потврди официјално Q-Tip на својот профил и на тој на ATCQ, со принт од вистинско писмо испишано со златни и црни букви со кое на кратко ги известуваат своите најверни слушатели дека по долга пауза за последен пат ќе остават свој тестамент - спакуван во нивен последен заеднички албум.

Албумот кој допрва треба да биде промовиран на 11ти Ноември годинава, сеуште го нема добиено своето име и е во финална фаза на изработка. Новиот албум ќе им биде прв заеднички по 18 години, а како што кажуваат и самите ATCQ , инспирацијата ја добиле од минатогодишниот reunion на целата група каде се решиле целата енергија од нивниот настап да го претворат во нов проект.

Во меѓувреме на 22 март годинава, ненадејно од својата долгогодишна болест починува иконскиот  претставник и член на групата, Phife Dawg, но тоа не ги спречи  остатокот од групата да го завршат започнатото. На истиот албум ќе се појават и нивните долгогодишни пријатели и соработници раперите Busta Rhymes и Consequence.

„Ова ќе биде тоа што сите го очекуваа веќе долго време, конечно и ќе се оствари. Чистиот и недопрен звук и стил, со кој ќе го завршиме нашето музичко патување низ ритамот како бенд“ - изјави Q-Tip.

Па кој не би сакал да ги чуе за последен пат A Tribe Called Quest на официјално издание, за завршеток на оваа 2016та рап година. Останува да го видиме резултатот од финалниот производ и да го чуеме звукот на Племето од нашите звучници !