ALL EYEZ ON ME - ПРВИОТ ТРЕЈЛЕР ЗА ФИЛМОТ ПОСВЕТЕН НА 2PAC

ALL EYEZ ON ME - ПРВИОТ ТРЕЈЛЕР ЗА ФИЛМОТ ПОСВЕТЕН НА 2PAC


При крајот на 2015та година и официјално беше најавено дека ќе се снима филм кој ќе биде посветен на еден од најдобрите рап артисти на сите времиња Tupac Amaru Shakur, а беа и објавени некои од актерите кои ќе ги играат улогите на ликоите во овој биографски драма филм.

Пред некој ден конечно стигна и првиот трејлер за истиот кој беше пуштен во јавност на 16ти Јуни, во чест на 45от роденден на починатата легенда.

Филмот е во режија на Benny Boom, a сценариото е на Ed Gonzalez и Jeremy Haft. Во главните улоги се појавуваат Demetrius Shipp, Jr. во улогата на 2Pac, Danai Gurira како мајката на 2Pac - Afeni Shakur, Jamal Woolard како Notorious BIG (истиот актер кој го глумеше Биги во неговиот биографски филм), и уште многу други актери како Lauren Cohan, Jamie Hector и Annie Llonzeh кои ќе ги глумат ликовите на најблиските и најбитни луѓе од животот на 2Pac. 

Во филмот ќе се појават дури и неколку членови од екипата на 2Pac, групата Тhe Outlawz. Овој филм ќе го опише животот на еден од најмоќните и највлијателни музички артисти општо на сите времиња, од неговото детство и преку неговото искачување до врвот на рап индустријата и се до неговата смрт во Лас Вегас.

Филмот е најавен да искочи во Ноември оваа година.

Погледнете го трејлерот на следниот линк: