ALL EYEZ ON ME - THE MOVIE (ТРЕЈЛЕР #2)

ALL EYEZ ON ME - THE MOVIE (ТРЕЈЛЕР #2)


Вчера на 13 Септември се навршија 20 години од смртта на еден од најиконските ликови во хип-хоп културата Tupac Amaru Shakur

По тој повод беше официјално објавен и вториот трејлер од биографскиот филм кој ќе биде посветен за него. Како што најавивме во претходниот пост за овој филм,  се работи за опис на животот на еден од најмоќните и највлијателни музички артисти општо на сите времиња, од неговото детство и преку неговото искачување до врвот на рап индустријата и се до неговата смрт во Лас Вегас.

Филмот е во режија на Benny Boom, a сценариото е на Ed Gonzalez и Jeremy Haft. Во главните улоги се појавуваат Demetrius Shipp, Jr. во улогата на 2PacDanai Gurira како мајката на 2Pac - Afeni ShakurJamal Woolard како Notorious BIG (истиот актер кој го глумеше Биги во неговиот биографски филм), и уште многу други актери како Lauren CohanJamie Hector и Annie Llonzeh кои ќе ги глумат ликовите на најблиските и најбитни луѓе од животот на 2Pac. 

Погледнете го трејлерот на линкот :