BARS FOR DAYS - ГЛЕДАЈТЕ ГО РАПЕРОТ МУРС ВО ЖИВО ВО ОБИД ДА РАПУВА 24 ЧАСА БЕЗ ПРЕСТАН !

BARS FOR DAYS -  ГЛЕДАЈТЕ ГО РАПЕРОТ МУРС ВО ЖИВО ВО ОБИД ДА РАПУВА 24 ЧАСА БЕЗ ПРЕСТАН !


West Coast раперот Мurs веќе оди во живо на лајвстрим линк на youtube, и во моментов на објавување на постов тој повеќе од 19 часа рецитира.

Целта на овој рапер е да постави Нов Гинисов Светски Рекорд во најдолго рапување без престан, односно 24 часа поминати во рецитал, иако целта на Мурс е да издржи дури 26 часа

Концептот е многу едноставен, тој рецитира на инструментали, односно рапува негови текстови, и многу останати рап класици од други рап артисти, искомбимирани и со по некој фристајл од време на време. Мурс има пауза од 5 минути на секој час за освежување, што значи отприлика доколку издржи до целта ќе има од прилика само 2 часа вкупно одмор.

Ние му даваме целосна поддршка на Мурс кој веќе како артист е докажан одамна во хип-хоп културата, и му посакуваме среќа да ја оствари својата цел и да го означи овој рекорд со своето име на него.  Само напред ! Keep it flowin' !!!!.

На линкот подоле може да го пратите неговиот подвиг,  и да дадете поддршка во секцијата за коментари на youtube каналот: