DE LA SOUL IS NOT DEAD - THE DOCUMENTARY (2016)

DE LA SOUL IS NOT DEAD - THE DOCUMENTARY (2016)


Во чест на музичкото наследство на De La Soul и 25 годишнината од издавaњето на албумот Dе La Soul Is Dead филмуван е документарец насловен како De La Soul Is Not Dead којшто неодамна беше промовиран.

Во истиот доминираат детали , факти и реалии коишто се во директна корелација со триото од Long Island, преку документарецот се врши дескрипција на раните стартови во доцните 80-ти, се акцентира и следи хронолошката рамка на групата, временската секвенца кога триото стапува во контакт со поранешниот член на Stetasonic , Prince Paul со чие асистирање дебитираат на тогашниот рап стејџ со албумот 3 Feet High & Rising, дело коешто многумина го дефинираат како CLASSIC.

Во даден сегмент од документарецот , Prince Paul говори за првиот митинг со De La и притоа објаснува околу неговите компетенции и што всушност можел да направи за триото гледано од музичко-продукциски аспект.