HBO ДОКУМЕНТАРЕЦ ПОСВЕТЕН НА DR.DRE & JIMMY IOVINE

HBO ДОКУМЕНТАРЕЦ ПОСВЕТЕН НА DR.DRE & JIMMY IOVINE


HBO подготвува документарна емисија насловена како „The Defiant Ones“ посветена на сукцесивната бизнис релација помеѓу Dr.Dre & Jimmy Iovine коишто кооперираат уште од ерата на The Chronic албумот , најавена е за 9-ти јули годинава , истата ќе содржи досега необјавени фото и видео материјали од студио сесиите на NWA & Eazy-E , додека имиња како Ice Cube , Snoop Dogg , Eminem , Nas и многу други се нотирани како неколкумина коишто ќе говорат во документарецот. Прерани коментирања и прејудицирања се непотребни судејќи по автоглорификацијата на Dr.Dre & Ice Cube во биопикот Straight Outta Compton , но сепак пројавен е енормен куриозитет во однос на необјавените историски мигови коишто допрва се очекува да осамнат летово.