ICE CUBE & DA LENCH MOB НАЗАД НА WEST COAST РАП СЦЕНАТА ВО 2018

ICE CUBE & DA LENCH MOB НАЗАД НА WEST COAST РАП СЦЕНАТА ВО 2018


Da Lench MobWest Coast Rap  формација којашто била оформена околу 1990-та , непосредно по дезертирањето на Ice Cube од N.W.A. , протежирана од самиот O’Shea Jackson со интенција да му конкурира на Ruthless Records колективот , Above The Law & Niggaz With Attitudes поконкретно ,  со коишто ги доведува и до физичка колизија во Њујорк.

При самиот старт , партиципираат во круцијални безвременски колаборации заедно со Ice Cube , а веќе при финишот на 1992 , дебитираат со албумот „Guerillas In Tha Mist“ со пласман на 24-то место на Billboard 200.

Многумина го дефинираат нивното музичко наследство како контроверзно , рап музика којашто е сочинета од енормни дози на политика , расизам (афилијација со Nation Of Islam) , сексизам , стории од улиците на South Central Los Angeles со street knowledge flava примеси .

Генерално опсервирано , објективната вистина е дека повеќето рап групи коишто се појавиле по 1988-та , особено на западниот брег , биле базирани на крими-виолентниот имиџ на N.W.A. , меѓу кои и Lench Mob. Имено , Ice Cube повлекувајќи се од N.W.A. со себе понел нумерозни концепти коишто хронолошки брзо ги реализирал. Интересно е и тоа што во стартната фаза , со оглед на фактот дека во дадениот временски период немало социјални мрежи , слушачите не правеле дистинкција помеѓу тогаш новоформираниот Lench Mob Records / Street Knowledge Productions  и артистите од Ruthless Records како резултат на тоа што Ice Cube го адоптира имиџот на N.W.A. и го презентирал како свој , оригинален (се алудира на темниот цвик Locs , црните Raiders/Kings starter јакни итн.) така што истото имало инфлуенца врз тиражот на деби албумот на Cube а по автоматизам и самиот сукцес на Lench Mob.

Во 1993 , лидерскиот акт во групата , J-DEE бил осуден на 29 години затвор за убиство коешто истото со децении е негирано од негова страна. Иако постоела опција за солуција на случајот со врвна адвокатска асистенција којашто не чинела повеќе од триесетина илјади долари , Ice Cube не интервенирал , дозволил да дојде до правосилна пресуда , но години подоцна започнал да му го финансира животот „позади ѕидовите“.

Во 1994-та година , групата продолжила да дејствува без J-DEE , истиот бил супституиран со Maulkie од некогашното Ruthless Records дуо , Yomo & Maulkie. Истата година го објавуваат финалниот албум насловен како „Planet Of Da Apes“.

Околу 1995-та , T-BONE се нашол во слична ситуација како J-DEE , но Ice Cube ангажирал адвокат за 75 илјади долари , платил 1.5 милион за негова кауција во замена за disband на групацијата.

При затворско интервју пред неколку години J-DEE тврдеше дека тој и T-BONE никогаш не биле во добри релации , додека експресионирал енормни симпатии кон SHORTY и доза на благодарност до Ice Cube.

Поводот за постов всушност беше најавеното предвремено ослободување на J-DEE кому му преостануваат околу година и половина затворска казна. Притоа беше најавен и reunion на Da Lench Mob во текот на идната 2018-та по повеќе од 20-на години пауза.
Најверојатно диферентностите и несогласувањата од минатото се надминати а притоа проектот е поздравен и од страна на Ice Cube којшто воедно ќе партиципира.Да се надеваме дека милитантната златна ера во рапот ќе се врати во оригиналната форма.

траката со којашто J-DEE си ја предвиде иднината: