ICE CUBE , THE D.O.C. & COLD 187UM НАПРАВИЈА МИНИ RUTHLESS COMEBACK

ICE CUBE , THE D.O.C. & COLD 187UM НАПРАВИЈА МИНИ RUTHLESS COMEBACK


Поширокиот рап аудиториум разбирливо не е запознаен со случувањата помеѓу овие три реномирани West Coast фигури гледано од историско-хронолошки аспект, но континуираните следбеници и познавачи на нивните кариери се свесни за вербалните па дури и физичките пресметки помеѓу истите, особено ситуацијата : Ice Cube и тогаш ново-формираната Lench Mob против Eazy-E и групацијата наречена Above The Law, во New York околу 1990, непосредно по дезертирањето на O'shea Jackson.

The D.O.C. лириковно партиципирал во проектите на N.W.A. додека Cold 187um продукциски му асистирал на Dr.Dre со нови свежи музички идеи , атмосферата за време на снимањето на debut албумот на A.T.L. "Livin Like Hustlers", "100 Miles N Runnin" EP-то , "EFIL4ZAGGIN" албумот од N.W.A. , била феноменална , но со заминувањето на Dr.Dre & The D.O.C. во Death Row, започнуваат препукувањата и особено ескалираат провокациите од страна на Kurupt кон Kokane & Above The Law 1992/93, така што следел извесен долг период на неунифицираност на западниот брег.

Во една прилика, D.O.C заедно со Jerry Heller, менаџерот на N.W.A, го исмејуваат Ice Cube и неговите карактеристики во домашно видео...Никој не се надевал дека комбинацијава сочинета од Ruthless Records ветерани  години подоцна би била возможна и реална еден ден.