МАРТИН ШКРЕЛИ СОПСТВЕНИКОТ НА УНИКАТНИОТ WU TANG АЛБУМ СПОДЕЛИ НОВИ ТИЗЕРИ СО ФАНОВИТЕ !

МАРТИН ШКРЕЛИ СОПСТВЕНИКОТ НА УНИКАТНИОТ WU TANG АЛБУМ СПОДЕЛИ НОВИ ТИЗЕРИ СО ФАНОВИТЕ !


Се сеќавате на Мартин Шкрели?! Арогантниот милијардер и преполн со скандали бизнис претприемач кој за огромна сума од 2 милиони долари ја откупи единсвтената копија на униканиот дупли албум на Wu Tang, Оnce Upon A Time In Shaolin ?

Истиот тој кој беше и одреден период во биф со Ghostface Killah само неколку месеци по откупувањето на албумот, повторно е во очите на јавноста со уште еден негов потег.

Имено во клаузулата за откупување на албумот, стои правило и рестрикција дека ни албумот ни една трака од него не смее да биде линкуван, објавен и пуштен во етер било како на повеќе годишен рок, но тоа не го спречи Мартин во знак на прослава за победата на Трамп за нов претседател на САД, да сподели преку веб-камера на лајв стрим неколку траки од албумот со фановите на Кланот, како тизери.

Некој тип си го снимал тоа (многу нормално) па сега се наоѓаaт кратките видеа  на youtube, каде сите љубители на музиката на Wu Tang Clan ќе може повторно бар малку да ѕирнат во светот на Шаолин албумот.

Погледнете ги видеата под текстот: