НОКАУТОТ ШТО ГО РАЗБУДИ BEANIE SIGEL !

НОКАУТОТ ШТО ГО РАЗБУДИ BEANIE SIGEL !


   Ќе се вратам наназад година и ќе започнам со 29 годишниот Robert Rihmeek Williams, денес познат како еден од носечките рапери, кои ни доаѓаат од Филаделфија. Да. Не се лажете, станува збор за Meek Mill, дечкото на 33 годишната Nicki Minaj. (Ух ... Се надевам дека ќе останам неутрален :) ).
   Претпоставувам НЕ ви остана во сеќавање двобојот на двајцата најпознати (не)рапери Meek Mill и Drake :), којшто личеше на се, само на beef НЕ. Слаб рецитал, слаба вожња, слаб текст... Единствено што беше јако во целото случување е дисот од сестрата на Meek Mill, упатен кон Drake, и ТОЛКУ (link).
   Каде се вклопува Beanie Sigel во сево ова ?
   Лос Анџелес. Ноќен клуб. The Game, Meek Mill и Sean Kingston се во клубот. На Sean Kingston му го крадат накитот кој чини илјадници долари. Sean Kingston го бара Game и го замолува да му го пронајде накитот. Game важи за еден од поистакнатите криминогени рап фаци на западниот брег. Sean во исто време зборува и со Meek Mill, кој му вели дека тој нема никаква врска со кражбата и дека тоа е дело на The Game. Работата пука ...
   Пак ништо поврзано со насловот.
   Кроце, уште некоја информација за работите да станат појасни.
   Знам дека знаете за нетрпението помеѓу 50 Cent и The Game, но пред извесно време тие ги закопаа секирите и станаа другарчињада...ПАК. Но, претпоставувам дека не ви е познато за потајното немирисање помеѓу 50 Cent и Meek Mill, а и дружбата на The Game со Drake, што е само една мала причина плус за Game пред извесно време да изјави на еден концерт “I just wanna beat that nigga ass for a good time,” и “When you see me nigga, square up. It don’t gotta be about no guns, nigga. Fuck Meek Mill.” (link).
   Следи траката на Game - “I Never Heard of That“ каде што вели “Meek Mill not snitching on me, I never heard of that.” па ја вади дис траката "92 Bars", на која што добива поврат со наслов "OOOUUU Remix".
   Е сега е на ред Beanie. Тој за прв пат се појавува на нумерава со Mill каде што заедно плукаат по The Game. Образложението е дека никој не смее да си игра со местото од каде што тој доаѓа. Му вели на Game: Немој да ме тераш да се вратам од “пензија“.
   Малку околу животот на Beanie, за тие кои не го познаваат.
   Beanie Sigel е 42 годишен рапер со потекло од Филадалфија од каде што е и Meek Mill. Го сметаат за легенда на Филаделфија. Неговата кариера е плодна исто како и криминалното досие. Започнува во издавачката куќата на Jay Z, Roc-A-Fella Records, издава 6 соло албуми, меѓудругото се појавува во неколку филмови, а се надевам дека нема да заврши на подот од концертот на Bad Boy Reunion (???). Сигурно го паметите по случката од 2014 година кога за малку ќе загинеше откако по грешка беше погоден од залутан куршум.
   Да продолжам од таму каде што застанавме погоре.
   По нумерата на Meek Mill - "OOOUUU Remix", The Game одговара со "Pest Control" која е ремикс на ремиксот :). The Game вади видео клип сниман со мобилен како е во потрага на Beanie и Mill низ улиците на Филаделфија, по што Mill одговара со иста мера барајки го Game во неговото маало.
   Работите излагаат од контрола кога Beanie, во едно интервју, изјавува: “I just happened to come in the studio, so I just was helping him out with some lyrics, and the situation kind of played out like it did. It’s really no beef, especially between me and Game.” Game истото го потврдува во The Breakfast Club (link) каде кажува дека се слушнале по телефон и дека Beanie всушност му помагал на Mill и другар му во пишување на текстот против Game и дека тој му е ghostwriter (човек кој е ангажиран да му пишува текстови) на Mill.
   По оваа кобна изјава баграта на Meek Mill го пречекува Beanie Sigel на концертот од Bad Boy Reunion, каде што Teefy Bey го нокаутира Sigel (link). Пред еден ден на youtube се појави и видео од случката, каде што се гледа дека Beanie Sigel е бутнат на земја. Се дигна голема фама околу ова по социјалните мрежи, зaшто Beanie Sigel важи за фаца со која нема играње, не е Зоки од Горно Нагоричани. Имаше изјави од поединци по случката дека вмешан e и The Game, но како што и мислев, сетотоа паѓа во вода кога ќе го погледнете новото видео. Таму се гледа како Teefy Bey му приоѓа од страна неприметно на Sigel и му задава удар без тој да биде свесен дека некој всушност му прети (link).
   По ова, Beanie Sigel настапи каде што луто кажа дека кралот на Филаделфија се врати ! Ќе биде интересно ...

Најновото интервју на Beanie Sigel