НОВИ КОНТРОВЕРЗНИ БРАНОВИ ОКОЛУ ФИКТИВНИОТ БИОПИК STRAIGHT OUTTA COMPTON

НОВИ КОНТРОВЕРЗНИ БРАНОВИ ОКОЛУ ФИКТИВНИОТ БИОПИК STRAIGHT OUTTA COMPTON


По објавувањето на биопикот Straight Outta Compton , за разлика од многубројните тинејџери коишто со восхит ја апсорбираа приказната презентирана од Dr.Dre , Ice Cube и Tomica Woods-Wright (вдовицата на Eazy-E) долгогодишните следбеници на N.W.A. од друга страна експресионираа енормна доза на дисатисфакција во однос на презентираната сторија, којашто очекувано , не располагаше со доволно објективни факти и легитимни реалии , гледано од хронолошко-историски/музички аспект.

(Детектирани се голем број невистини коишто ја потврдуваат тезата дека биопикот претставува фикција, во продолжение нотирани се само неколку:
Начинот на којшто Eazy го запознава Jerry Heller , исклучувањето на Arabian Prince (оригинален N.W.A. член) , суперсоничното женско трио J.J. Fad од збиднувањата на самиот старт на Ruthless Records , лириковно-продукциската партиципација на The D.O.C. , Above The Law , Kokane околу проектите на N.W.A. , виолентната пресметка на Suge Knight со Eazy-E , вториот подем на Ruthless Records со Bone Thugs-N-Hamony и многубројните underground локални групи и артисти своевремено познати само во рамките на Калифорнија, таленти препознаени од страна на Eazy-E и Jerry Heller, коишто подоцна се трансформираа во светски музички ѕвезди, како на пример Will.I.Am и Black Eyed Peas, колабирањето на Eazy, сцените во болницата на самиот финиш итн. )

Во корелација со некоректното презентирање ликот и делото на Eazy-E и целокупниот бекграунд на N.W.A. неодамна се објавија ќерките на Eazy, Еrica и Erin Wright коишто најавија документарец насловен како "A Ruthless Scandal No More Lies" во којшто ќе бидат обелоденети низа на објективни факти, а воедно партиципираат и индивидуи од Македонија , паралелно , еден од првите, оригинални артисти на Ruthless Records, R&B пејачката Michel’le , некогашна сопруга на Dr.Dre и Suge Knight, солидно запознаена со повеќе страни и аспекти околу N.W.A. , Ruthless и Death Row Records ситуацијата, го најавува филмскиот проект “Lifetime (Surviving Compton: Dre , Suge & Michel'le)", коишто Ruthless Family движењето со нетрпение ги очекува во блиската иднина, со првична интенција, да се претстави објективната вистина.