ПОЧИНА BIG SYKE - ОРИГИНАЛЕН ЧЛЕН НА THUG LIFE

ПОЧИНА BIG SYKE - ОРИГИНАЛЕН ЧЛЕН НА THUG LIFE


Big Syke - оригинален член на рап формацијата Thug Life почина во својот дом во Калифорнија на 48 годишна возраст. 

Своевремено близок соработник на 2Pac. Thug Life кликот бил оформен спонтано во околината на Inglewood по евидентираната хемија помеѓу артистите.

Примарната интенција била групата да дејствува под називот Thug Law , на Ruthless Records во комбинација со Above The Law , но поради проблематиките со коишто 2Pac се занимавал "закачајќи се" со америКККанската полициска јурисдикција, присоединувањето не било реализирано.

Big Syke имал сукцесивна кариера и на соло план особено на западниот брег.