ПОЧИНА DJ CRAZY TOONES

ПОЧИНА DJ CRAZY TOONES


Утринава почина DJ CRAZY TOONES , брат на West Coast раперот WC , близок соработник на Ice Cube од ерата на Lench Mob , Westside Connection па се до неодамна. На стартот на кариерата членуваше во групацијата WC & The Maad Circle заедно со WC и Coolio во периодот од 1991-1995. Во 1996-та дебитира на калифорниската underground сцена со микстејпот "DJ CRAZY TOONES Presents: MAAD CIRCLE Underground ‎– That Nigga's Crazy Pt.1" на којшто гостуваа еминентни имиња како Ice Cube, E-40 , Dub-C , CJ Mac и други. DJ Crazy Toones во текот на својата кариера има реализирано колаборации со MC Ren Of NWA , XZIBIT , Young Maylay итн. и впрочем истиот се перцепира како една од најистакнатите и најрелевантните репрезенти на South Central LA или  West Coast рап музиката воопшто. Да се надеваме дека престојнава 2017-та нема да не разочара како минатата година.