TRU LIFE КОНЕЧНО НА СЛОБОДА !

TRU LIFE КОНЕЧНО НА СЛОБОДА !


   Време е за школо; но, чинам, и редно време беше да излезе од затвор еден од поконтраверзните рапери - Tru Life.
   - “Кој ?  Tru Life ?“
   Да, Tru Life. Човекот кој многумина го памтат по шестоцифрениот договор со Roc-A-Fella Records (Jay Z), а малкумина по бифот (конфликтот) со Mobb Deep.                                                                                                            - “Кој бре конфликт со Mobb Deep, дали си бре ти нормален ? Mobb Deep се фаци.“
   Да - точно, Mobb Deep се фаци, но ако би го запрашал Dj Мuggs од Cypress Hill, работите стануваат чудни.
   Tru Life е момакот кој им направи hustled на целата банда на Mobb Deep (без главните фаци Prodigy и Havoc) при едно снимање на GZA во студиото на Dj Мuggs, односно, дословно - ги соблече голи. За сите кои не веруваат дека тоа е навистина случено, можат слободно да проверат во документарниот филм BEEF од каде што ќе ја разберат и причината.
   Знам, ништо паметно и добро од сета работа. Се сложувам со вас. Би запрашал само: Дали на Mobb Deep текстовите не се од тој карактер како што е и случката ? Не навлегувам во дебата, само пробувам да видам како ми стоите со нервите :) .
   Не заборавајте и јас ги слушам Mobb Deep.
   Пишував зааааа ... ? Tru Lifе, нели ? :)
   Неговиот шест годишен одмор во затвор тукушто заврши пред неколку часа (требаше да одлежи осум години); беше помилуван и пуштен на слобода. Лежеше за напад со нож и убиство за кое беше осуден заедно со својот брат.
   Брат му го призна делото, дека тој е човекот кој го избодел починатиот. Tru Lifе не издржа и објави веднаш на својот твитер профил за враќањето меѓу живите.
   Додека чекаме нешто ново од Tru Life да се потсетиме со една нумера од него која ја вртев често на забави.