„ПОСЛЕДНИОТ BLUNT НА 2PAC“ (20 години од DRIVE-BY АТАКОТ ВО ВЕГАС)

„ПОСЛЕДНИОТ BLUNT НА 2PAC“ (20 години од DRIVE-BY АТАКОТ ВО ВЕГАС)


Ноќта на 07.09.1996 , 2РАС го пали својот последен Blunt во црното BMW 750iL на Suge Knight и се загледува долго во бескрајниот хоризонт додека темната небесна свила ги покрива околните енормни згради и улици на Лас Вегас…Од тие „темни пештери“ во секој момент можат да се појават душманите на неговиот живот и идеали..За животот колај работа…Идеите остануваат...И смртта е мала и исплашена животинка кога ќе ја спореди со својата луда страст...Но како да се справи со оваа неподнослива урбана убавина што е распространета пред неговите сјајни очи? Седи 2РАС на совозачката страна,и се восхитува на импресионистичката слика,размислува и дознава две работи: Moже тој заедно со Suge Knight & Death Row фамилијата да убие секого и сешто...Но всушност оваа неверојатна урбана убавина го убива него ! И таман кога повлече длабоко еден дим ,милијарда лути куршуми поминаа низ неговото тело како низ решето...Иако во тие моменти беше наполно сигурен дека тоа беше неговиот последен Blunt,само 6 дена подоцна мирно стана од кома и како ништо да не било замина во легенда..Потоа почитувачите на неговиот живот и дело носеа маици со неговиот лик,на кои пишуваше „PAC IS ALIVE“…Носеа и надеж поголема од сите нас заедно:Веруваа дека еден ден 2РАС навистина ќе се врати и дека ќе живееме во еден подобар,правичен,слободен и убав свет...Што носат денес неговите млади следбеници по дури 20 години ? Не знам ! Но и тие се непоправливи оптимисти…Многупати се обидував да ја споделам оваа сторија но исто толку пати се откажував…Некои велат дека најубавите приказни се тие што никогаш не се напишани...Но бидејќи јас имам многу „такви стории“ и затоа што немав „некоја попаметна работа“ се обидов да направам еден вид реконструкција на еден многу фамозен , мистериозен и трагичен настан во историјата на рап музиката.