ФЛЕКА - ЗОШТО/ПОД КОНТРОЛА

ФЛЕКА - ЗОШТО/ПОД КОНТРОЛА


Во прилог ќе можете да погледнете како беше на концертната промоција на ново создадениот бенд на Тони Зен , именуван Флека. Промоцијата беше одржана на 16.04.2015 во Кино Фросина позади затворени врати или наменета за нивните најблиски пријатели,соработници,роднини итн. 

Како мало потсетување, Тони на крајот од 2011та имаше исто ваков сличен проект во Универзална сала со бендот Maraqya насловен "Во интимни односи" и ќе може да го погледнете ТУКА

Флека на својата фан страна прво објавија дека ќе може да се погледне целата промоција, но сепак на ју туб се појавија траките Зошто и Под Контрола кои се водечки траки на албумот "МикроСкопски Организам", а овде се во преработена верзија. 

Бендот Флека официјално е основан минатата година во Април месец и брои 11 членови: 

Вокал - Тони Зен
Вокал - Сиги 
Клавиатури - Борче Кузмановски
Тапани - Благоја Антовски
Бас - Гоги Полизов
Гитара/Вокал - Нино Васков
Придружен Вокал - Анета Качуркова
Придружен Вокал - Гена Качуркова
Труба - Александар Николовски
Саксофон - Борислав Веселинов
Тромбон - Филип Стевановски

Погледнете, слушнете и оценете сами како ќе ви се допадне. Линкот се наоѓа под содржината.