РАП СКИЛЗ МАКЕДОНИЈА - ЕПИЗОДА БР.3 (СКОПЈЕ)

РАП СКИЛЗ МАКЕДОНИЈА - ЕПИЗОДА БР.3 (СКОПЈЕ)


Денес на официјалниот канал на youtube на Рап Скилз Македонија беше објавена и третата по ред епизода од серијалот рап битки.

Оваа епиозда т.е. овој натпревар е и последен од локацијата Плочник во Скопје каде што беа снимани првите натпревари на средината на октомври.

На него се појавуваат Негро (Последна 45ка) vs. Лас Веѓас како противници, а судии беа Марко (СВП) и Паки од Зад Аголот и Тигаз (ДНС Екипа). Водител на настанот беше Небојша Милосављевиќ - Небо.

Концептот на битките е едноставен, три рунди, каде натпреварувачите идат вербално еден против друг со формат на претходно напишани акапела текстови, и на крајот жирито составено од тројца судии според настапот и како ќе ги прикажат своите вештини индивидуалците, избираат победник од натпреварот.

Погледнете ги трите рунди од третата епизода и проследете за кого го даваат својот глас судиите во оваа битка. Уживајте :