ОКОЛУ ГРЕМИ НАГРАДИТЕ 2016 И КЕНДРИК ЛАМАР

ОКОЛУ ГРЕМИ НАГРАДИТЕ 2016 И КЕНДРИК ЛАМАР


Во очи на вечерашната церемонија, 58то по ред доделување на најпрестижната награда кога е во прашање музиката општо во Америка, ГРЕМИ НАГРАДИТЕ,  би било интересно да се запрашаме на кое ниво е денеска односот на академијата конкретно кон нашата култура и музика ХИП-ХОПОТ. Сакав од порано да го напишам овој текст и да направам некоја кратка ретроспектива и анализа околу фамата и хајпот што се крева секоја година, особено кога е во прашање рап музиката која реално  одсекогаш била меѓу топ 3те најактуелни жанрови изминативе 2-3 децении, задржувајќи им го вниманието на медиумите, помладите и постари генерации на слушатели, елитите од холивуд па и во најхардкор ситуации на самата власт, државата.

Нормално, таков правец, музика, која прераснува во огромно движење, начин на живот и култура искажан преку музика не може да биде игнориран од Националната Академија на Рекорд Артисти и Наука, па така се вклучува и рап музиката во овие "престижни" награди кои се доделуваат веќе 6 децении.

Долг е патот од 1988 година до ден денес. За тие што незнаат,  88' година е клучна за хип-хопот затоа што DJ Jazzy Jeff  и The Fresh Prince of Bel Air (WIll Smith) ја дабиваат првата рап греми награда за најдобра изведба со песната Parents Just Don't Understand, и го отвараат патот за други артисти низ годините за артисти како Young MC, MC Hammer,  LL Cool J, Coolio, Fugees, Outkast, Queen Latifa, Salt N Pepa, па се до доминацијата на артисти како Eminem, Kanye West, и Јау Z.  Но од поодамна се се дискутира и е актуелно прашањето за непристрасноста, објективноста и и реалната слика на добитниците на тие награди и односот  кон  рап музика од страна на самите организатори на Греми Наградите.  Факт е, и , не е и некоја новост,  дека хип-хопот и  гремите имаа од поодамна некој вид на тензичен напнат однос во поглед на тоа  кој биле номинирани, дали навистина тие заслужиле да бидат добитници и кој се "вистинските победници".  Еден од  примерите е испадот  на ODB на наградите во 98' кога Wu Tang Clan беа номинирани за најдобар албум со Wu Tang Forever но победникот беше No Way Out на P. Diddy.       

Низ годините наназад, особено во блиското минато, може да погледнете дека луѓето кој што ги номинираат артистите конкретно за рап номинациите се тотално безобразни апсурдни и контрадикторни. Со самиот факт што на пример Macklemore има повеќе греми награди од 2Pac, Notorious BIG, Nas, DMX, BIG PUN, Run-DMC, Public Enemy, GangStarr, KRS ONE, Busta Rhymes, Snoop Doog  заедно,  (некои од некои од нив немаат освоено ни една), со  над 30 и кусур  номинации до сега на "артисти" како Drake,  Shop Boyz,  Ying Yang Twins , Tyga и остала багра, наспртоив 0-номинации на артисти како  Ice Cube, Scaface, Rakim, Mobb Deep  и фактот што Iggy Azalea има повеќе награди и номинации во рап категорија наспроти женски изведувачи како Laurin Hill, Lil Kim, MC Lyte, Foxy Brown, Rah Digga и други, гласно говори дека на овие луѓе воопшто не им е грижа за хип-хопот ( у превод ги заболе курац).  Од  околу 100 греми награди до сега доделени низ годиниве од кога постои рап музиката како категорија, скоро половина,  односно 45% од нив се поделени во рацете на 3ца артисти низ годиниве! Тоа се Jay Z, Eminem и Kanye West. Неспорен е нивниот квалитет, и големина како артисти во играта, кој се веќе одамна докажани и уживаат статус на легенди, но сепак тоа е тотален ПРЕТЕРИЗАМ !
Значи во старт, ако сте артист артист кој обработува тематики поврзани со социјални неправди, борба против расизам, гласноговорник на еднаквост, анти- корупција и секакви други социјални и политички тематики со кои сакате да пренесете поголема порака до вашите слушатели и да ја подигнете границата на свеста и разумот, автоматски стене се надевајте на греми никогаш во животот. Освен ако  не го соблечете вашиот задник и не почнете да тверкате и истурате литри шампањи по телото на стриптизерки, расфрлате купови на пари  и да ги занимавате генерациите да не се грижат за битните општествени ситуаци и наметнувате материјализам, и party like you have this night only, тогаш автоматски сте номинирани, па за награда ќе размислиме. Тоа ви кажува се за кредибилитетот на овие награди, така да ако вашиот артист не се наоѓа на листата на номинирани не се грижете, таа категорија одамна го има загубено правецот во кој што требало да се движи, а доколку е во номинираните или добитник ( turn it up and party like a rock star !) wink

Годинава и вечерва не е баш така. На големо изненадување за многумина, но сепак заслужено и очекувано, Kendrick Lamar води со севкупни и рекордни 11 номинации за овогодинешните награди. Момчето кое доаѓа директно од Комптон, е единствениот после  Dr.Dre кој се стекнал со оваа награда, а вечерва ќе има и прилика да биде и меѓу најнаградените, и според многумина да направи рекорд освојувајќи ги сите номинации за кој е номиниран.  Од синглот Hii-Power па се до неговиот најнов албум То Pimp A Butterfly, Кендрик останува достоен на стилот, и пораката која сака да ја пренесе, Како што кажува и самиот, дека неговата цел е да воведе баланс во музиката, конкретно рапот. Дека како артисти во ред е да се живее безгрижно и да се забавува, да се прават забавни песни но дека не смееме да ги затвориме очите и устата на неправдите кои се случуваат во нашето општество. Мора гласно да се говори за нив и да се бори за подобро утре за помладите генерации.

We Gon' Be Alright беа баш тие зборови кој ја потикнаа таа промена, и за која пред скоро време го доби клучот на градот како симбол за неговото признание како почесен граѓанин на Комптон, и Лос Анџелес. Неговата песна Alright, стана неофицијална химна во движењето низ цела Америка последнава година во протестите против полициската бруталност, и агресивноста на власите против афро-америчката популација. To Pimp A Butterfly е баш таков албум кој треба да добие номинација во секоја категорија каде што треба да припаѓа.  А организаторите на Греми Наградите се надевам конечно ќе одадат и признание на таков вид на артисти кои носат промени  и  револуција во звукот и музиката. Кендрик Ламар е баш таков револуционер кој го користи најмоќното оружје - ЗБОРОТ

Редно време е да им се оддаде почит и да се свртат светлата кон таков тип на артисти, кои реално ги има многу не е само Кендрик, квалитетни, кои треба да бидат номинирани.  Без разлика на тоа, пораката ми е дека Греми Наградите не смеат под ниеден услов да бидат мерило и никогаш нема ни да бидат модел  за квалитетот на Хип-Хопот и начинот на кој што тој треба да се практикува.  Овие награди имаат само едно влијание кое се надевам во идина ќе биде позитивно , и можност да бидат уште еден мост помеѓу слушателите и артистите,  доследни  на вистински квалитет и поддршка на потценети артисти.  Затоа целосна поддршка и со среќа на Кендрик вечерва и нека продолжи со борбата онаму каде што неговиот идол 2 Pac, застана.