LIGHTS OUT - PART 1 FT. CND CREW (ГРАФИТИ ВИДЕО)

LIGHTS OUT - PART 1 FT. CND CREW (ГРАФИТИ ВИДЕО)


За сите љубители на спрејот и ѕидот ви го претставуваме Lights Out -  српски онлајн графити видео серијал кој ја промовираше својата прва епизода на нивниот официјален youtube канал пред неколку дена.

Во оваа епизода - part 1, на видеото гостуваат македонските графити артисти Pig Hands и Нак 47 кој се доста познати на нашево поднебје а и пошироко како дел од екипата наречена CND Crew.

Видеото е исполнето со снимки на артистите од "бомбардирање" низ градот, а во позадина на снимката со свои инструментали придонесуваат и Милош Мијалович а.к.а Jaazabella и Слободан Вељкович - Coby. Скречовите на инструменталите од видеото се на Дрази Драгс.

Видео обработката е на Игор Пејчич и Божидар ЧовичAmbitions Films.

Уживајте во видеото: