СЛОЖУВАЛКА - ХИП ХОП ДОУМЕНТАРЕЦ (ВИДЕО)

СЛОЖУВАЛКА - ХИП ХОП ДОУМЕНТАРЕЦ (ВИДЕО)


Македонскиот хип-хоп документарен филм Сложувалка“ (The Puzzle) во продукција на тимот од Хип-Хоп Македонија од сега па натаму може да го гледате цел на нивниот официјален youtube канал. 

Филмот беше промовиран пред година дена на 15ти Ноември 2015та, каде премиерата ја доживеа на Cinedays фестивалот во Скопје, а после тоа имаше и неколку промоции надвор од Скопје и државата на различни филмски фестивали меѓу кои и Манаки Фестивалот во Битола. Добитник е на неколку награди и признанија.

На линкот подоле може да го погледнете овој 38-минутен колаж од ставови, искуства и идеи на личности од македонскиот хип хоп. Во него не се документира историјата на оваа култура, туку се поставуваат прашања и се отвара дискусија за нејзината сегашност, притоа споредувајќи ја со сложувалките кај кои пристигнувањето до целосната слика е процес кој бара трпеливост, интелигенција и креативност.

Уживајте во филмот: