22 ГОДИНИ ОД ALL EYEZ ON ME

22 ГОДИНИ ОД ALL EYEZ ON ME


Денеска навршуваат 22 години од издавањето на „All Eyez On Me” - четвртиот студиски албум на Tupac Shakur.

Периодот пред стартувањето на проектот бил исклучително турбулентен за артистот на персонален и професионален план , низа колизии со законот : застрелувањето на полицајците , Њујоршката заседа при којашто речиси завршил фатално , обвинението за сексуален атак , затворската казна , резултирале со тоа тој да привлече енормно внимание од медиумите.

Но не секогаш медиумската експонираност е позитивна , Tupac станал мобилна мета за напади од најразлични структури , впрочем драматичните пресврти во неговиот живот биле исклучително сериозни дури и по цена на животот , факт за којшто и тој самиот бил свесен.
При таква неповолна констелација на нештата околу него (не успеал ни да ужива во сукцесот од „Me Against The World“, очајно и со „затворени очи“ акцептира соработка со Suge Knight , занемарувајќи го правниот дел од контрактот , со интенција да се спаси од безизлезната ситуација во којашто се наоѓал.

Хронолошки гледано , успехот на Death Row Records бил во залез , креативен форс поседувале во изобилие , но концептуално се евидентира флегматичност , главните стожери Dr.Dre и Snoop Doggy Dogg ги покажуваат првите знаци на дисатисфакција манифестирана преку недоволна заинтересираност , што од денешен аспект е потполно познато и разбирливо.

Tupac со својот воркохоличен дух и работна етика го враќа динамичниот драјв на Death Row од 1991 , рекордирал толку обемен материјал што поголем процент од остатоците биле издадени постхумно.

Првичниот наслов на албумот бил Euthanasia , но при процесот на рекордирање , насловот бил сменет во „Аll Eyez On Me“ , што од маркетиншки аспект претставувало добар потег – Tupac го искористил позитивниот и негативниот публицитет за поголема продажба , а мистериозноста околу вооружениот напад врз него во 1994 и доведувањето во корелација со Puff и BIG создале сосема нова димензија и развој на нештата , а притоа дабл диск концептот бил инспириран од најавата на Eazy-E околу 1993 на „Str8 Off Tha Streetz Of Muthaphukkin Compton 1 & 2“ којшто не успеал да го реализира.

Со оглед на комплексноста на нештата поврзани со албумов , во однос на истиот може да се дискутира до недоглед , но во кратки концизни црти , би потенцирал дека опсервирано од моја објективна гледна точка , албумот концептуално и содржински се разликувал од претходните негови проекти .
Како резултат на забрзаниот процес на творење , форматот на некои траки и звучел како да биле продуцирани набрзина, но сепак легендарниот статус на албумот е надвор од било какво преиспитување или сомнеж.
Продукцијата воглавно била спроведена од страна на Dat Nigga DAZ Dillinger & Johnny J.