25 ГОДИНИ ОД 5150: HOME 4 THA SICK

25 ГОДИНИ ОД 5150: HOME 4 THA SICK


На 15.12.1992 , Eazy-E на својот label , Ruthless Records го издава EP-то „5150: Home 4 Tha Sick“ , втор соло проект по сукцесивното деби „Еazy-Duz-It“ , но , разбирливо , без продукциско инволвирање од страна на Dr.Dre .

(Околу 1990-та , Eazy-E го најавил свojoт втор соло албум „Temporary Insanity“ , за којшто неофицијално се коментира дека Dr.Dre програмирал исклучително квалитетни битови , но кога несогласиците започнале , Dre ги избришал во афект.)


Реално и објективно опсервирано , отсутноста на Dre e незабележлива , продукцијата Eazy воглавно им ја доверил на Cold 187um од Above The Law &  DJ Kay-Gee од Naughty By Nature , но инволвирани биле и Bobcat , Madness 4 Real итн.

Како главни ghostwriter-и биле задолжени Treach и Kokane , автори на Only If U Want It & безмилосно бруталната Neighborhood Sniper.

Интересен е и фактот дека  токму на ЕP-во , Will.I.Am од The Black Eyed Peas (тогаш Will.1.X од Atban Klann) ја лансира кариерата .


По издавањето на ЕP-то , Eazy-E & Jerry Heller имале увидено дека Priority Records како аудио-дистрибутери биле 1 од главните причини за заминувањето на Ice Cube & а подоцна и Dr.Dre , менаџерите ги изманипулирале и го минирале успехот на N.W.A. затоа што парцијално би профитирале повеќе.