ЗАД АГОЛОТ - ЗАД ШПИУНКАТА (РЕЦЕНЗИЈА)

ЗАД АГОЛОТ - ЗАД ШПИУНКАТА (РЕЦЕНЗИЈА)


Ако домот, местото каде што си растен, и државата, можат да се насочат како главен "кривец", искра и испирација за гневот на еден еден млад човек да биде насочен низ мембраната на микрофонот, тогаш никогаш не би посакал призмата да го обои своето сивило низ која еден поет ја раскажува својата тежина. А чинам Нина Симон беше таа која рече дека обврска и должност е на еден артист да биде огледало на своето време, и гласноковорник на неговото општество.

Токму тоа е и овој производ. Компактен диск кој во себе го носи бунтот на помалку еднаквите во оптштественава хармонијата која одамна е раштимана и трула, и одлична сатира на нашето поднебје, низ чии простори одекнува ехото од истрелот на перото на угнетените состојби на ум.

Ете, можам да речам дека ја имав таа чест претпремиерно да го преслушам овој албум и да погледнам „Зад Шпиунката“ која нуди 20 разлилни видици кои се претставени од 12 члена екипа. Од другата страна на шпиунката стојат тие, кои во своите раце нудат само еден избор, а тоа е "црвената пилула" која ќе ви покаже колку длабоко оди "зајачката дупка". Изборот е ваш дали сте спремни и дали ќе се осмелите да ѕирнете.

Далеку од звукот што го носеше „Чувај Го Вистинко Волу. 1“, енергијата е иста и сеуште тука, но играта, стилот и битовите се на друго, ново ниво, а сепак сеуште пука Зад Аголот. Темен грув, луди брејкови, флипови, и различен спектар на длабок фанк и соул семплови кои преовладуваат низ цел албум. Инструментално доминираат битовите на матичните продуценти Марко СВП и особено оние на Даре ДТ.  По едно инструментално гостување има и од Баже ДСЦ, Тревис и ДЈ Гоце (САФ) на бонуст траката, ремиксот на Мамата у Книшка, додека пак од аспект на рецитирање целокупно се без гостување, каде може повеќе до израз да дојдат сите 10 емсиња. Темпото се менува и варира различно низ песните во зависност од тематиката која е опфатена од самите артисти, а истата е доста опширна. Албум кој според мене е тешко да биде ислушан од прва до последна трака наеднаш без престан, едно поради должината и друго поради тежината на самите траки, кои бараат повеќе внимание од пратење на ритам и клатење на главата.

Бев замолен да дадам и критика за албумот доколку постои таква, да не ја заобиколам и да не бирам зборови но како би можел да го критикувам одразот на тој што решава да застане "гол" пред огледалото на темната и недопрена реалност, каде што себеси се отвара пред другите и крева духовен бунт против самиот себе, со цел да се прочисти од валканоста на егото, суетата и гордоста. Албумот е внатрешната борба против светот и оние во кои што не сакаме да се претвориме како луѓе.

Секоја песна на албумот си има своја убавина и порака и не би сакал да двојам песни, и да кажам дека една песна е подобра од другата, или дека некоја вреди повеќе од другата, но би кога би можел да одвојам за мене лично омилени песни, траки што мислам дека треба да им посветите повеќе внимание тоа би биле Човекот Под Темен Облак; Нус Појава; Ореова Кора; Прво Себеси; Буре Барут; Луѓето во одела и Слободата Е На Друго Место.

Ако претходниот албум - Чувај го Вистинко Вол.1 беше скелето со чива помош се создаде и изгради оваа екипа, овој албум е дефинитивно клетката, сржта, и днк-то на целиот тим. Нека годината на свињата биде само почеток на една прекрасна мак хип-хоп година, а пораката за секој поган е кратка и јасна ... Спас Ви Нема !

Да не должам многу, за да го осетите ова мрсно парче во период на велигденски постови, бидете во Баду Бар - Порта Влае, на 9ти април во 20:00 часот и погледнете Зад Шпиунката.

Погледнете го привју-то на албумот на следниов линк: 

Напиша:

НЕБО - ILL STREET BLUES