19 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА NOTORIOUS B.I.G.

19 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА NOTORIOUS B.I.G.


„Ain't no other kings in this rap thing, they siblings. Nothing but my children, one shot, they disappearin“  се едни од најпретпознатливите лирики на Chrisopher Wallace или за многумина низ светот попознат како Biggie Smalls a.k.a. Тhe Notorious B.I.G. кој го загуби својот живот, пред точно 19 години на овој ден, во престрелка на улиците во Лос Анџелес.  

На свои 24 години, колку што и живееше, тој веќе ја имаше светската слава во свои раце, беше неофицијално крунисан за крал на Њу-Јорк и уживаше во врвот на својата кариера, отворена од вратите на Bad Boy Recods заедно со Паф Диди.  

Во неговата кратка но богата кариера зад себе остави 4 официјални албуми ( два во текот на неговиот живот, Ready To Die, и Conspiracy со Junior M.A.F.I.A. , и два албуми постхумно од кој Life After Death беше спремен и промовиран само 2 недели после неговата смрт ), и неколку постхумни компилации. Две од тие албуми Ready to Die (Platinum Certified) и Life After Death (Diamond Certified), се на многу официјални листи во краткиот избор за најдобри рап албуми на сите времиња.

Малиот и повлечен буцко од квартовите на Бруклин, стана поим и школа за флоу, текст и репер за како едно вистинско ем-си треба да звучи. Прогласен од многу магазини за најдобар лирицист, добитник на награди за најдобар албум и најдобар лирицист на годината, во многу официјални листи за најдобар рапер и ем-си на сите времиња, дел од најпознатиот биф на сите времиња со Ту Пак, човекот кој со свое алтер его - Frank White, поседуваше се што за многумина рапери сонуваат, и упорно се трудат да го достигнат, и ден денес и по 19 години останувајќи Недопирлив.

Затоа на овој ден, во негова чест се сеќаваме на прерано згаснатиот живот, и остануваме со мислата што ли ќе се случеше со светот на хип-хопот (доколку и други прерано починати легенди не го загубија својот живот)  и општо со неговата кариера ако Биги не беше застрелан, ноќта на 9ти март, 1997 година во Лос Анџелес.

IT WAS ALL A DREAM ,  ПОЧИВАЈ ВО МИР BIG POPPA !

Во прилог, неколку видеа кој можете да ги погледнете :

Напиша:

НЕБО - ILL STREET BLUES