23 ГОДИНИ ОД ЏЕЗОТ НА ГУРУ (GANGSTARR)

23 ГОДИНИ ОД ЏЕЗОТ НА ГУРУ (GANGSTARR)


На денешен ден 18ти мај 1993, пред 23 години,  Guru од GangStarr го објавува својот прв соло албум наречен Guru's Jazzmatazz Vol.1

Овој албум е посебен за хип-хоп нацијата и нејзиното наследство од причина што е еден од првите кои создава нов правец во рап музиката наречена џез-рап. Комбинацијата на live џез бенд, со хип-хоп продукција и рапување во позадина го прави овој албум еден од најзначајните во историјата на хип-хоп културата.

Лежерните џез позадини искомбинирани со хард рап битовите испродуцирани од Гуру и  неговиот специфичниот и неповторлив вокал на траките создаваат уникатен стил кој допрва во тоа време, ќе почнат да го практикуваат многу хип-хоп артисти и продуценти.

Албумот има 12 траки, а на него имаат работено повеќе од 30 музичари и артисти, меѓу кои како најпознати се појавуваат истакнати џез музичари како Lonnie Liston Smith, Jr. , Branford Marsalis, Ronny Jordan, Donald Byrd, и Roy Ayers. Албумот има и вокални гостувања како Carleen AndersonN'Dea Davenport, Dee C Lee, како и француското ем-си Солар.

Албумот доживува поголем успех на европскиот пазар во 90те кога и е издаден од причина што џезот тоа време бил многу по атрактивен во Европа, но со тек на времето станува недопирлива класика и столб во експериментрањето кога е во прашање рап музиката како еден од најдобрите албуми на сите времиња.

Албумот доживува уште 3 продолженија низ годините но Вол.1 останува можеби за многумина најдоброто нешто од соло кариерата на Гуру.

Сеуште го немате преслушано ?! Не чекајте и рокајте звучниците во чест на братот Гуру, затоа што хип-хоп нацијата никогаш повеќе нема да добие нешто подобро од Џезот на Gifted Unlimited Rhymes Universal.

Почивај во Мир Гуру !

ПРЕСЛУШАЈТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ JAZZMATAZZ НА GURU !