5 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА NATE DOGG

5 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА NATE DOGG


Денес се навршуваат точно 5 години, од кога светот на хип-хопот изгуби еден од најиконските вокали на сите времиња кога е во прашање нашата урбана култура.

Nathaniel Dwayne Hale или попознат за рап светот како Nate Dogg, на 15ти март, 2011 година, на своја 41 година почина од срцев удар.

Крал на хуковите, мастерот за рефрени, душата на западот, беа дел од "титулите" кој овој артист ги имаше стекнато во својата долгогодишна кариера, благодарение на својот уникатен и неповторлив глас.  

По потекло од Мисисипи, Нејт на 14 години се сели во Лонг Бич (Лос Анџелес) каде се запознава и станува близок пријател со west coast легените Warren G, RBX, и Daz Dillinger од Тhe Dogg Pound. Интересен факт за него е што исто така е и роднински поврзан со други west coast хип-хоп легенди како што се Snoop Dogg, Butch Cassidy, и Lil' Half Dead, па ништо чудно зашто и самиот тој навлегува во играта, и станува крал на џи-фанк музиката.

Неговата дарба за пеење и препознатливиот госпел и соул стил го добива и кали низ годините во хорови на баптистички цркви каде што неговиот татко е свештеник, а мајка му предводник на хорот.

Еvery dog has it's day. Така и Нејт. Својата најголема слава ја доживува во златната ера на Death Row Records, неговата група 213, соработките со The Dogg Pound и издавачката куќа на Снуп - Doggystyle Records, Др. Дре,  како и безбројните гостувања на рефрени на голем дел од најголемите рап хитови на сите времиња. Зад себе има оставено 3 албуми, неколку компилации и огромен број на хитови.

Пред раперите да користат ауто-тјун постоеше Нејт Дог. Ќе поминат уште долги години додека се појави, и ако се појави, уше еден вокал како што беше гласот на Нејт. Рефрените се сеуште во мода, хитови уште се прават но сите тие се сиви, и празни, еднобојни, без душа. Го нема веќе мастерот на хуковите, останува само да ги рокаме до крајот на времето неговите песни преку кои самиот тој стана и бесмртен.

Како што рече и он .... “THEY CAN COME CLOSER THAN CLOSE, ORIGINAL THEY NEVER WILL BE!’’

NOBODY DOES IT BETTER THAN YOU, NATE !  R.I.P.

Погледнете некои од неговите најголеми хитови и најлегендарни гостувања на линковите подолу :