ХИП-ХОПОТ И ЖЕНАТА

ХИП-ХОПОТ И ЖЕНАТА


По повод вчерашниот ден 8-март, кој е посветен на жената ширум светот, не само како мајка, туку и борец, партнер и другар ќе посветиме и една статија токму за нив. Тој ден е посветен на жената, и е симбол на борбата за еднаквост како на социјално ниво, така и на економско, политичко и општествено. 

Ќе се потрудам да доловам на кратко неколку работи околу хип-хопот и жената, и ќе пробам да оттргнам некои негативности како што се прикажувањето на жената низ хип-хоп историјата,  оправдувајќи ја  до некаде културата што ја претставувам .

Хип-хопот како музички правец и култура е уште едно поле преку кое женските активистки и ем-сиња со години преку музика и текстови пробуваат да кренат свест за состојбата на жената во општеството, како и да се држат рамо до рамо со најдобрите машки рапери кои преовладувале од секогаш кога е во прашање хип-хоп музиката. Со години наназад уште од самиот почеток и движење на културава постоеле дами кои преку едукација и активизам создаваат уште една гранка во хип-хопот а тоа е хип-хоп феминизмот. Тој активизам е застапен и вграден во оваа култура повеќе од 3 децении, и се прикажува преку повеќе елементи, како рапувањето, така и преку брејкденцигот и графитите.  Од артисти како Queen Latifa, Monie Love, Salt-N-Pepa,  Lauryn Hill, Erikah Badu па се до Roxanne Shante, TLC (особено Lisa Left-Eye), К-Swift, MC Lyte,  Jean Grae и многу други, кои пробуваат да го обелат образот на нивниот род, и да ја отргнат сликата кои некои артисти/ки низ годините на чело со музичката индустрија пробуваат да ја претстават, и од истото да профитираат. Исто така, за разлика од денешната состојба на музиката, особено рапот, каде најчесто се прикажува како секс симбол и играчка, порано жената била повеќе глорифицирана во текстовите на многу рап артисти, кои посветувале песни каде што жената не се претставувала само како објект, и не се експлотирала нејзиното тело преку видео спотови, иако постоеле и тогаш такви артисти, и сеуште постојат. Нажалост таквите песни и спотови каде што се говори за неправда, и опресија не се многу медиумски покриени, ниту им се давало доволно внимание, но тие отсекогаш биле тука.  Со некои од нарeдните песни и видео спотови, само сакам да докажам на тие што не се навлезени доволно во оваа култура и немаат доволно познавање, дека жената не се користи само за тверкање и стриптиз во спотовите на раперите, и дека не е точно ни најмалку, дека рап музиката ја деградира жената на секое ниво, туку напротив, таа е една од најголемите инспирации и допринесувачи во оваа музка. Борбата и понатаму продолжува за родова еднаквост во општеството, па се надевам дека наскоро ќе има и повеќе храбри македонски девојки кои ќе застанат зад микрофонот и ќе говорат гласно за светските и социјалните проблеми, искажани преку рап текст.

Погледнете и самите, и уживајте во следната кратка но доволно јасна плејлиста, од женски рап артисти (активисти) како и песни од машки рап артисти посветени на жена, преку кои се надевам ќе ви разјасни сликата околу местото на жената во хип-хоп културата.

Уживајте:

Напиша:

НЕБО - ILL STREET BLUES