КАКО БИ ИЗГЛЕДАЛЕ РАП ЛЕГЕНДИТЕ НА НАСЛОВНИТЕ СТРАНИ НА СТРИПОВИТЕ

КАКО БИ ИЗГЛЕДАЛЕ РАП ЛЕГЕНДИТЕ НА НАСЛОВНИТЕ СТРАНИ НА СТРИПОВИТЕ


Многу би било закон кога би можеле нашите најомилени емсиња и рап бендови да ги гледаме како супер херои и секој од нив да си има сопствена франшиза нели? Или уште подобро, да функционираат како мега-супер групација. Замисли си Justice League оf Rap човече, или Аvengers of Hip-Hop !!! 

Пред некој месец објавивме статија во која рап иконите и најпознатите хип-хоп албум кавери беа прикажани како Марвел јунаците и беше направен еден mash up меѓу хип-хоп артистите и Marvel универзумот. За тие што ја пропуштиле статијата може да ја чекирате на следниов линк: http://dns.mk/post/%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8/marvel-heroi-i-hip-hopot-vo-eden-univerzum 

Овој пат, се работи за малку поинаков приказ но идејата е иста, раперите во своја кожа, како супер херои, и како би изгледале доколку би биле стрип јунаци. Креациите се на http://www.beddoart.com, млад дечко кој се претставува себеси како визуелен артист чија техника е комбинација од графити и стрип уметност измешана со традиционалните концепти.

Погледнете дел од неговите дела, а остатокот може да ги видите и да дознаете плус ствари на неговата веб страна.