NEW SCHOOL MEETS OLD SCHOOL - КЕНДРИК ЛАМАР НА РАЗГОВОР КАЈ ЛЕГЕНДАРНИОТ РИК РУБИН (ВИДЕО)

NEW SCHOOL MEETS OLD SCHOOL - КЕНДРИК ЛАМАР НА РАЗГОВОР КАЈ ЛЕГЕНДАРНИОТ РИК РУБИН (ВИДЕО)


Интересно видео кое мислиме дека треба да го погледнете беше објавено вчера на youtube.

Се работи за 50 минутно интервју - разговор на еден начин помеѓу еден од најактуелните рап артисти во светот во моментов - Кендрик Ламар кој е можеби на врвот на својата кариера, и легендарниот и незаменлив продуцент Рик Рубин, кој е хип-хоп икона и ко-основач на неповторливите Деф Џем Рекордс.

Двајцата се сретнуваат за прв пат, и следува доста длабок разговор помеѓу миленикот на помладата генерација хип-хопери и овој легендарен продуцент кој на некој начин ја има улогата на водител - домаќин поради самиот факт што и самиот разговор е сниман во Шангри Ла Студиос - Малибу, студиото на Рик.

Се отвараат различни теми на разговор како од инсипрација, до креирање на музиката, стилот, како биле порани работите и како би биле во иднина, и многу други интересни актуелни тематики поврзани со хип-хопот  за кои Рик чепка длабоко во мозокот и  мислите на Кендрик. 

Уживајте во видеото :