ПОЧИНА PHIFE DAWG - ЧЛЕНОТ НА ЛЕГЕНДАРНАТА ГРУПА A.T.C.Q.

ПОЧИНА PHIFE DAWG - ЧЛЕНОТ НА ЛЕГЕНДАРНАТА ГРУПА  A.T.C.Q.


Денес хип-хоп светот се разбуди со уште една тажна вест. Членот на легендарната хип-хоп група A Tribe Called Quest која допринесе толку многу за хип-хоп културата низ годините, Phife Dawg, почина ненадејно на свои 45 години.

Причините за неговата смрт сеуште не се утврдени, иако се знае дека раперот помина низ многу операции во својот тежок живот, пресадувајќи бубрег, и борејќи се со долгогодишна болест, дијабетис - тип 1.

Малик Исак Тејлор, или на кратко за цел свет попознат како Фајф, a.k.a. The Five Foot Assasin, беше втората половина на микрофонот кој го делеше со Q-Тip повеќе од 20 години низ својата кариера. Неговиот пискав но хард и груб вокал во комбинација со неговите уникатни панч-лајнови беа контрапунктот на smooth вокалот и флоуто на Q-Tip кои се поврзуваа беспрекорно. Факт за тоа дека овој тандем функционираше совршено во комбинација со Dj Ali Shaheed, е што Фајф и Тип се заедно од свои 2 години.

Успеа да достигне бессмртна слава со тоа што издаде со групата легендарни и game-changeing албуми како што беа The Low End Theory и Midnight Marauders, и добитник на безброј награди.

Како што кажа и самиот во автобиографскиот документарец за A Tribe Called Quest од 2011та: "Секој пат кога ќе имаше блок забава и хип-хоп музика како млад, не се воздржував да не го грабнам микрофонот и да покажам што знам. Со тоа ја ризикував убавината на своето детство, а и ризикував да бидам исфрлен од дома, само да бидам дел од тоа движење“.

Низ годините неговата група доживеа неколку разделби и обединувања но нажалост на сите љубители на музиката на неговиот бенд, не дочекавме уште еден албум за крај на кои фановите се надеваа и чека повеќе од 15 години.

Замина во алеата  на великаните на нашата музика и култура а хип-хоп  светот загуби уште еден великан,  но никогаш нема да биде заборавен неговиот вокал и неговите легедарни песни затоа што никогаш нема да помине хип-хоп забава а да не се чујат зборовите Yo, you on point Phife? - All the time Tip; и Can I Cick It.

REST IN BEATS PHIFE FOOT GIANT !!!    A.T.C.Q  - FOREVER !

Нивното последно заедничко интервју:

Последен заеднички настап:
Фајф зборува за неговиот бенд :

И нешто од најдоброто од ATCQ и Phife: