ПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО ИЗБОРНО ЛУДИЛО ВО САД ГО ВРАТИ И ЕМИНЕМ НА СЦЕНА (НОВА ТРАКА И НАЈАВА НА АЛБУМ)

ПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО ИЗБОРНО ЛУДИЛО ВО САД ГО ВРАТИ И ЕМИНЕМ НА СЦЕНА (НОВА ТРАКА И НАЈАВА НА АЛБУМ)


Овој период и овие денови очигледно најактуелна светска тема во која сите објективи и очи се вперени е претседателската кампања 2017 во САД, каде двајцата кандидати кои се борат за можеби најмоќната политичка функција во светот се двајца добропознати и контраверзни ликови Доналд Трамп и Хилари Клинтон. 

Не е ни чудно ни помалку од обично тоа што во САД овој период огромен број на  медиуми, јавни чичности, активисти, артисти и други "влијателни" (врз општата мисла) личности да завземаат отворено страни во оваа политичка калакурница која ја зафаќа "најслободната и демократска" држава во светот на секои четири години.

Токму тоа и се случи со најомилениот белчо на сите љубители на хип-хоп културата и рап музиката, Слим Шејди ака Еминем кој после 3 години од неговиот последен албум, и после неколку гостувања, се враќа на сцената со свој најнов сингл а и најава за нов албум.

Еминем се враќа и своите најнови лирики и во својата најнова песна спомува повеќе од 20 ликови, односно цели кон доста јавни личности, а најмногу кон Доналд Трамп и неговите поддржувачикаде опфаќа доста скандалозни случки од изминативе години, меѓу кои и некои од најпознатите каде во САД беа прекршени некои од најосновните човекови права.

ПС. Пред повеќе од 10 години Ем и не беше баш толку гневно насочен кон Трамп, кога истиот беше повикан на забавата на тогашната промоција на албумот на Еминем, Encore.  

Со жестоки решекти, опасни панч лајнови и доста солиден word-play, и преку 1490 зборови во оваа 7ипол минутна трака, Еминем повторно докажува зошто овој рап артист е во топ 10 листите на многумина.

Траката излезе вчера, на вечерта на третата претседателска дебата, а Еминем самиот најави дека спрема нов албум, во меѓувреме да преслушаме што има да каже. Да не должиме многу, слушајте внимателно: