ШТО Е ТОА ШТО РАП МУЗИКАТА ЈА ПРАВИ ЛИРИЧКИ НАЈМОЌНА ? (ВИДЕО)

ШТО Е ТОА ШТО РАП МУЗИКАТА ЈА ПРАВИ ЛИРИЧКИ НАЈМОЌНА ? (ВИДЕО)


Што е тоа, што текстовите на рапери како Rakim, MF Doom, Notorious BIG и други врвни лирицисти ги прави да се одвојуваат од останатата група на рапери во играта ?

Причините може да варираат,  но општо  прифатено  и начелно е  дека она што конкретно овие емсиња и уште неколку другите кои може да се стават во категоријата на врвни лирицисти во рап играта  и да се наречан големи е нивната способност да си играат со јазикот и нивниот речник како што сакаат во буквална смисла.  Значи под тоа подразбираме не само во однос на кој модели на римување ги користат конкретно овие емсиња, туку  исто така и манипулацијата со слогови, времето и брзината на темпото, како и зборовите и римите кои ги практикуваат.  

Токму овие причини и артисти ги инспирираше Vox.com да го објават пред некој ден 13 минутниот видео проект наречен „Rapping, deconstructed: The best rhymes of all time“ во кој се анализира содржината на текстовите на  олд скул раперите како Куртис Блоу, и Раким па се до модерните и денешни артисти како Кендрик Ламар.  Иако текстовите на некој од песните што се анализирани како на пример The Breaks, Eric B. is President, Hypnotize, RE:DEFinition, Lose Yourself и Meat Grinder се веќе познати на вистинските хип-хоп глави, сепак тоа што го нуди ова видео е академско и научно анализирање конкретно на овие песни и прикажување до детал убавината и моќноста на уметноста која овие артиси ја создаваат.

Да не должиме многу. Видеото вреди да се погледне, затоа што ова е уште еден доказ за тоа дека рап музиката ги има текстуално најмоќните и граматички најбогати артисти, а самата музика е лирички недопирлива за разилика од другите жанрови. 

Ако некој не ви верува и ви се исмејува доколку му кажете дека нема подобри текстописци од раперите и нема по интелектуална музика од онаа која ја претставува хип-хоп културата, слободно покажете им го видеово, останатото е на нив да сфатат доколку сакаат.

Погледнете го видеото :