17 ГОДИНИ ОД „ПОСЛЕДНИОТ ОБРОК“

17 ГОДИНИ ОД „ПОСЛЕДНИОТ ОБРОК“


Tha Last Meal“ петтиот студио албум од Snoop Dogg , објавен на 19.12.2000 , преку No Limit Records , а впрочем е и првиот албум на неговата издавачка куќа „Doggystyle Records“.

Како капитални продуценти на албумот биле нотирани Master-P и Dr.Dre , но во продукцијата биле инволвирани и Battlecat ,Timbaland ,Soopafly итн.

Интересно е тоа што , при рекордирањето на албумов , Snoop Dogg и некогашниот ривал Kokane (поранешен Ruthless Records артист , Eazy-E лојалист , G-Funk оригинатор) интензивно кооперираат.

Имено , Kokane & Snoop Dogg при стартот на 90-те биле менторирани од страна на Ruthless Records групата Above The Law.
Above The Law имале интенција да застанат продукциски & концептуално позади Snoop , но од причина што Doggy Dogg не бил signed во Ruthless , Cold 187um се ангажирал на деби албумот на неговиот братучед  Kokane - „Addictive Hip-Hop Muzick“ но под цензурираниот псевдоним Who Am I ? . Таквиот развој на настаните бил инстантно акцептиран од страна на Snoop.

Евентуално , талентот на Snoop ќе биде откриен и од страна на Dre , со потсредство на Warren G , којшто исто така бил протежé на Аbove The Law. Со експанзијата на G-Funk правецот , Dr.Dre , Warren G , речиси целиот Chronic колектив започнале да адоптираат елементи од музиката на Above The Law , користејќи примеси и поими како „187 , G-Funk , Chronic , Who Am I“ итн.
Above The Law најпрвин не коментирале , но Kurupt од Tha Dogg Pound со својот воинствен менталитет решил да атакува директно , така што започнале серии на препукувања.

Со реунијата на Snoop & Kokane на албумот „Tha Last Meal“ вербалната војна била финиширана , а комбинацијата на нивните таленти , идеи и концепти резултирале со исклучително солиден албум којшто многумина го рецензираат како класичен , албум којшто ја врати во подем кариерата на Snoop којашто во дадениот временски период одела во блага но сигурна надолна линија.