ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 29!

ВОСПИТНА - СЕЗОНА 05 ЕПИЗОДА 29!


Време е за уште едно  Дебатно Издание на Емисијата за Реална и Мрсна Рапоина - Воспитна !

За овој понеделник 19ти Јуни,ви приготвивме уште едно одлично издание на ДНС Радио за 29та епизода (претпоследна за оваа  - петта сезона од Воспитна). Заедно со VG (член на Чиста Околина и водител на култната емисија Црна Хроника на канал 103) и Тони Зен кој ни доаѓа исто во својство на поранешен водителна хип-хоп емисија, ќе разговараме и дебатираме на темата со наслов: Медиумите и Хип-Хоп Културата.

Ќе опфатиме доста прашања како што се застапеноста на хип-хоп музиката и културата во медиумите (тв, радио, и веб сајтови), дали постои цензура, селективност, простор за промовирање на истата - особено македонската и многу други прашања на кои ќе разменуваме ставови и мислења со нашите гости.

Се надеваме дека и вие - нашите слушатели ќе ни се приклучите во емисијата и ќе размените ваши мислења или поставите некое прашање низ текот на емисијата преку нашиот скајп на кој што може да се јавите: Vospitna (DNS Radio).

Исто така не заборајвајте, како и секоја емисија, така и овој пат, даваме предност и ќе отвориме со рубриката посветена на македонските радиоактивни синглови, каде ќе ги испрезентираме вашите испратени траки. Доколку имате некоја трака која сакате да биде пуштена, може да ја испратите на нашите меилови raido@dns.mk или vospitna@gmail.com 

Не пропуштајте ! Понеделник 19ти Јуни, почеток 20:00 часот на www.dns.mk !

Линк за слушање -----> http://dns.mk/radio