ПОВИК ЗА СОРАБОТКА

ПОВИК ЗА СОРАБОТКА


   Поради големиот обем на информации од македонската и светската хип хоп сфера, тимот на dns.mk како единствен македонски хип-хоп медиум  за ваков вид на информирање има потреба од соработници (ентузијасти). Дописниците треба да ги задоволуваат следниве услови:

  • љубов кон хип-хоп културата и желба за придонес кон нејзин развој   
  • добро познавање во оваа област, упатеност во македонската и странската хип хоп сцена
  • солидно познавање на македонскиот јазик и неговиот правопис
  • целосно, непристрасно и навремено информирање
  • тимски играч и иновативен соработник

Испратете кратка статија / текст на меилот radio@dns.mk  со вашите ставови и погледи за македонскиот хип-хоп, преку кои ќе направиме селекција на кандидатите.

Напомена: dns.mk е непрофитен медиум, чии членови целосно се вложуваат за промовирање на македонската хип-хоп сцена, нејзините артисти и вредности.

Со почит,

         Тимот на dns.mk